Најмалку 25 лица загинаа денеска кога автобус со 29 патници падна во клисура во северната индиска држава Утараканд, соопштија локалните власти.
“Во тек е спасувачка операција, досега успеавме да спасиме седум лица. Инцидентот се случи во близина на Дамта во областа Утаракаши. Автобусот се движеше кон Јамунотри, во него имало 29 патници”, додале полициските претставници, пренесе Ројтерс.
Министерот за полиција на Утараканда, Амит Шах, рече дека повредените се префрлени во најблиските болници.
📸