СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
Шокантен грабеж на ДВА ТОНИ НАФТА во Македонија
Околу два тони нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови.
Директорот Рубин Матески вели дека грабежот е дело на вработен во училиштето, а истиот во моментов е суспендиран, додека пак случајот е пријавен.
Имено, тие на безбедносните камери го виделе вработениот како изнесува нафта, откако претходно забележале истурена нафта кај влезните скали.
-На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола.
Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.