Неколку лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 05:40 часот на автопатот А4 во правец на Загреб, меѓу Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски национални таблички излета од патот, извести полицијата.
Неофицијално, агенцијата „Хина“ дознава дека загинале 11 лица, додека 25 се тешко повредени.
Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна единица.
Сообраќајот на автопатот А4 во правец кон Загреб се одвива по една коловозна лента со регулација на полициски службеници.