Супертрејд, РКМ, Еуротим и Блу Енерџи се четирите компании кои биле вратени од граница, при увоз на мазут опасен за околината, а за кои зборуваше и министерот за економија Крешник Бектеши, дознава ТВ21 од владини извори.
Според министерот, кај трите компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни од страна на Царинската управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот.
Бектеши тогаш истакна дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабораторија на Бирото за метрологија, започнати се вонредни контроли за квалитетот на течните горива.
Од компанијата „Супертрејд“ денеска преку соопштение реагираат дека во јавноста тие биле врамувани во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нивната компанија.
„Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен премин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи“, стои во соопштението.
Тие додаваат дека со извештајот кој бил испорачан од страна на Макпетрол, не се согласуваат, затоа што сметаат дека се направени низа пропусти во начинот на земање на мостри од цистерните.
„Мазутот се транспортира на 90 степени и доколку примероците не се земаат според протокол се доведува во прашање точноста на резултатите, бидејќи мазутот може да кондензира и анализата да покаже дека има поголемо количество вода. Конкретно за петте цистерни, целиот начин и постапка, на земање мостри од мазутот, беше надвор од сите правила и прописи. Наместо мострите од цистерните да ги земаат стручни лица, обучени за тоа, сертифицирани за земање мостри, примероци за анализа земаа царниците. Дополнително спорно е што примероците од мазутот не беа ставени во специјални садови, кои се запечатуваат херметички за мазутот да не биде изложен на надворешни влијанија и да кондензира, туку примероци беа ставени во стаклени тегли за зимница“, велат од таму.
Анализата на Макпетрол од мострите кои биле несоодветно земени, покажаче присуство на 4,6% вода во мазутот, што „Супертрејд“ го отфрла како невистинито. Од таа причина „Супертрејд“ ја ангажирала светска лабораторија СГС , за да го испита квалитетот на мазутот во истите цистерни.
„Мострите кои ги земаа сертифицирани лица и истите беа предадени на анализа, резуплтатот покажа дека мазутот во цистерните ги задоволува станрадите и присуството на вода е 0,20 % а во нашата земја е дозволено 1 %“, велат од компанијата.
Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска на прес конференција истакна дека во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излезат со информација за јавноста.
„Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации. На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации“, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Според вицепремиерот, контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.
Имињата на компаниите претходно беа објавени и во емисијата КОД.ицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска на прес конференција истакна дека во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излезат со информација за јавноста.
„Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации. На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации“, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Според вицепремиерот, контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.
Имињата на компаниите претходно беа објавени и во емисијата КОД.