Денеска во Охрид на 74 годишна возраст почина Благоја Силјаноски, поранешен претседател на Собранието на општина Охрид, пратеник , новинар, публицист, есеист и писател.
Силјаноски беше роден е на 29 март 1948 година, во село Белчишта, Дебрца кај Охрид.
По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува последипломските студии и го одбранува магистерскиот труд здобивајќи се со звањето магистер по економски маркетинг.
Работниот век го започнал во Радио Охрид, каде што работел од 1970 до 1975 година, како новинар, уредник и коментатор, а од 1975 година преминува во РТВ Скопје (сегашна МРТВ) како раководител на регионалниот дописен центар во Охрид.
Во 1988 година, бил избран за претседател на општинскиот комитет на СКМ Охрид, а од 1990 до 1996 година, беше прв претседател на Собранието на општина Охрид во самостојна суверена и независна Република Македонија. Во овој период бил и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, и ја предводел македонската делегација на Заедницата во Комитетот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа во Стразбур, Франција. Во 1994 година, на слободните демократски парламентарни избори беше избран за пратеник од педесет и првата изборна единица во Собранието на Република Македонија.
Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и на престижната награда на Охрид 7 Ноември”, сега “Свети Климент Охридски° патронот на Охрид.
Со литературно творештво се занимава од раните детски години кога пишува поезија за деца и објавува во повеќе детски списанија и во периодични весници. Со проза почнал да се занимава подоцна, пред крајот на работниот век. Досега ги објавил романите: Талкање – Винтрекс° (2003), Бистем (2004), Векослов за светиот град (2004), Охридската инфарктштрасе (2005), Чемерни судбини (2005), сите во издание на НИД Микена од Битола.По романот „Стуткани сништа “од 2007 година ја издава публицистичко – туристичката проза „Мирисот на патината “ посветена на Охрид. „Деволски краснопис “ е последно негово печатено дело во 2008 година.
Посмртните останки на Благоја Силјаноски во недела 4 септември од 12.00 до 12.30 ќе бидат изложени во капелата Градските гробошта во Охрид по што ќе биде погребан.