Полицаецот Марко Поповиќ (36) од српското населено место Чајетина загина утрово додека се враќал од ноќната смена во сообраќајна несреќа што се случила на патот Златибор-Ужице кај Мачкат.
Колегите на загинатиот полицаец изразија сочувство до неговото семејство и најблиските пријатели и со тажни зборови се простија од Марко.
-Околу 6 часот утринава во сообраќајна несреќа трагично загина нашиот брат, пријател, колега и член Марко Поповиќ додека се враќаше кај семејството од работа. Сочувство до семејството. Почивај во мир – стои во објавата.
Марко зад себе остави три деца. Жителите на селото од каде што е Поповиќ велат дека се шокирани откако дознале дека толку добар и вреден човек го загубил животот на ист начин како неговиот татко во 2008 година.
Во сообраќајната несреќа загинал и шестгодишниот син на возач (44) од Белград, кој според неофицијални информации ја предизвикал несреќата. Таткото на момчето се здобил со полесни повреди, поради што е префрлен на дијагностика во болницата во Ужице.
Според непотврдени информации, возачот и неговиот син рано утринава тргнале од Белград кон нововарошкиот крај по повод Задушница.