Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на Светското првенство, го совладавме Алжир со убедливи 40-25.
Македонските ракометари без резултатски и навивачки притисок, заигра многу подобро од претходните три меча, функциониравме речиси беспрекорно и дојдовме до победа од 15 разлика над селекцијата на Алжир.
Избраниците на Кире Лазаров уште од самиот старт тргнаа одлично, брзо дојдовме до водство од 6-2. Предноста ја зголемувавме и на одморот заминавме со водство од 19-11. Во вториот дел продолживме да ја полниме мрежата на противникот за конечен резултат од 40-25.
Жарко Пешевски и Дејан Мансков со по седум гола беа најефикасни во нашата репрезентација, Костески, Стојковиќ, Савревски и Ѓоргиев постигнаа по четири погодоци. Никола Митревски одбрани 11 пати. Кај Алжир, Дауд даде пет гола, Абди четири.
Следниот натпревар на Македонија е во сабота против селекцијата на Тунис.