Вистинскиот криминалец е окружниот обвинител заради незаконско протекување, рече поранешниот претседател Доналд Трамп за окружниот обвинител на Менхетн Алвин Брег, за време на неговото обраќање во Мар-а-Лаго.
Тој вели дека протекувањето информации во печатот треба да доведе до негово гонење или во најмала рака негова оставка. Тој го осуди твитот на сопругата на Брег во кој вели дека обвиненијата ќе го „заковаат“ Трамп.
„Оттогаш таа го заклучи својот профил на Твитер“, рече Трамп.
Тој зборуваше и за семејството на судијата, велејќи: „Имам судија што го мрази Трамп и чија ќерка работеше за Камала Харис“. Ова не е првпат Трамп да го критикува судијата што го надгледува неговиот случај.
Трамп вели дека неговите адвокати тврдат оти нема никаков случај против него. Во својот говор, Трамп цитираше неименувани аналитичари кои кажале дека повторно нема силни докази против него.
„Секој експерт и правен аналитичар рече дека нема случај“, рече Трамп.
Тој рече дека кога бил обвинет, неговите адвокати му рекле „тука нема ништо, дури и не кажуваат што си направил“.
Во првите неколку минути од говорот на Трамп тој ги наведе сите начини на кои вели дека бил прогонуван од почетокот на кампањата во 2016, без да обезбеди никакви докази.
Тој ја спомна рацијата на ФБИ во 2022 година за враќање на чувствителните владини документи на имотот Мар-а-Лаго. „Нашата земја оди во пеколот“, рече тој.
„Тоа е навреда за нашата земја бидејќи светот веќе ни се смее“.
Во своите први јавни изјави откако беше обвинет, Трамп рече: „Единственото злосторство што го направив е бестрашно да ја бранам нашата нација од оние кои се обидуваат да ја уништат“.
Пред говорот во Флорида, на својата страница Truth Social, Трамп рече дека „ништо не е направено незаконски и дека Брег нема „никаков случај“ против него.
Трамп, неговите адвокати и многу републиканци тврдат дека Брег, избран демократски обвинител, се вклучува во „политички лов на вештерки“.
Еден од адвокатите на Трамп, во кратки коментари по сослушувањето, рече дека обвиненијата сигнализираат дека владеењето на правото е „мртво“ во САД.