Тешка сообраќајка во која учествувале две возила се случи доцна вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на трговскиот центар „Сити Мол“, објави порталот Скопје инфо.

Сообраќајот на булеварот во моментов се одвива во една коловозна лента, а полицијата врши увид во несреќата. Парчињата од стакло и метал на булеварот сведочат дека станува збор за силен удар помеѓу две возила.

Според информациите на очевидци, во несреќата има и повредени, а пред половина час интервенирана Итната помош.

Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи се очекуваат за утрешниот ден.

📸