Слободна Далмација јавува дека дошло до тепачка меѓу обезбедување и гости во популарна дискотека во Херцеговина. Имено, инцидентот се случил во дискотеката „No limit“ на католичкиот Велигден минатиот викенд, кога настапувал пејачот Бобан Рајовиќ.
По повод овој настан се огласи и Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесуваат порталите од регионот.
„Полицијата извести дека има нарушување на јавниот ред и мир пред угостителскиот објект „No Limit“. При излегување на местото на настанот било утврдено дека внатре во објектот обезбедувачот Д.Б. роден (1984) од Мостар, физички ги нападнал и им нанел физички повреди, А.М. (1998), М.М. (1995) и И.Т. (2000) сите тројца од Имотски“, соопшти МУП.
„Момците излегуваа, дојдоа од Имотски да се забавуваат. По кратката гужва со други млади момчиња која траеше 4-5 секунди, тие се вратија на своите маси и продолжија да уживаат во музиката на популарниот пејач. По неколку минути дошло обезбедувањето и почнало да ги удираат гостите“, вели читател на порталот Црна-Хроника.
На видеото се гледа како обезбедувачите со палки ги тепаат гостите, пишува Слободна Далмација.
Zaštitari palicama pretukli goste diskoteke "No limit" pic.twitter.com/w4p49eLosM
— Doznajemo (@Doznajemo) April 10, 2023