Еден пар од Америка беше воодушевен при посетата на Балканот, посебно кога ја посетиле нашата Македонија.
Одри и Хари се пар од Америка која патува низ светот и информира многу следбеници за нивните авантури на ФБ страницата наречена „The Budget Savvy Travelers“.
Тие, како што наведоа, досега посетиле 69 земји, а меѓу дестинациите беа Босна и Македонија од каде објавија фотографии.
Тој сподели објава и од Македонија, воодушевен од количината на храна што пристигна, а како што напиша, нарачал само „хамбургер со помфрит“.
„Отидов во Македонија и нарачав само хамбургер со помфрит – еве што добив“, напиша Хари над објавата, на која се гледа голем овал исполнет со месо, салата, помфрит и грав.