Во соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, се одржа литија по рамки на чествувањето на Христовото воскресение – Велигден. Стотици граѓани се приклучија на литијата, предворена од архепископот г.г. Стефан. Се читаше и од светото Евангелие по Марко.

Дворот на соборниот храм немаше доволно место за да ги собере сите верници, па голем дел од нив, беа и на улицата која беше затворена за сообраќај. Тие меѓусебно си посакаа празникот да им донесе здравје и среќа, откако ја слушнаа црковната молитва.

📸