М.К. (21), кој во саботата до смрт претепа 21-годишен припадник на хрватската армија, признал се’ и му е изречена мерка притвор, јавуваат вечерва хрватските медиуми.
– Осомничениот во своето излагање детално објасни се’ што се случило и како се случило, признал дека го сторил делото што му се става на товар. Притворот е одреден, предложен е од една причина – поради можност за влијание врз сведоците. Ќе напишеме претставка, нема сведоците што да кажат покрај неговото признание, изјави неговата адвокатка Анита Пезер. Претходно таа изјави и дека нејзиниот клиент е „во состојба на шок“.
Хрватска се уште е во шок поради смртта на 21-годишниот војник Јаков Бочкај, кој почина откако беше претепан до смрт од една година помладиот пријател М.К., за време на ноќно излегување. Мештаните на Пожега се особено потресени.
– Страшно е, не ми се верува, беше толку млад, сите сме во шок денес и вчера, не можеме, не можеме да поверуваме, вели Ива од Пожега.
Централниот плоштад во Пожега каде се случи злосторството е покриен со надзорни камери кои снимиле и што се случило. Насилникот е уапсен, а полицијата утврдила дека по кратка расправија физички и брутално го нападнал својот пријател.
– Нанесувајќи му неколку повреди во пределот на главата. Од повредите 21-годишникот паднал на земја, а 20-годишниот продолжил да го удира во неколку наврати, изјави Николина Јанковиќ, портпаролка на ПУ на Пожега-Славонија.
Мотивот се уште не е познат
Се уште не се познати мотивите кои доведоа до трагедијата и конфликтот меѓу пријатели кои пораснаа заедно, играа фудбал и излегуваа. И нивните спортски пријатели беа изненадени.
– Не ми се верува дека може да се случи такво нешто, а особено дека двајца пријатели можат да направат такво нешто, голема тага за сите“, изјави Лука Збегиќ, пријател на починатиот млад човек.
– Навистина ми е жал за момчето, не верувам дека тоа момче е виновно за нешто, тој покојниот Јаков, не верувам, не верувам дека е виновен за ништо затоа што не стапнуваше ниту на мравка, вели Денис Ружман, пријател на починатиот млад човек.
Велат дека за напаѓачот немаат баш такви зборови.
– Прави проблеми, се скара со сите, се кара со сите играчи, но никогаш не би рекол дека би направил такво нешто, ни сега не верувам и не верувам дека Јаков сега го нема, додаде Ружман.
Но, за жал, Јаков го нема, а неговото семејство, како и сите што го познаваа и сакаа, ја чувствуваат загубата и тагата. Ден на жалост утре ќе биде прогласен во општина Јакшиќ на која и припаѓа селото Еминовци.
Жртвата и напаѓачот се познавале
Заменик началникот на полицијата во Пожега, Далибор Бауер, во неделата изјави дека 21-годишниот Ј.В., кој беше претепан до смрт и 20-годишниот напаѓач, се познавале, заедно биле излезени, по што дошло до вербална расправија, а потоа и физички напад кој резултирал со смрт на војникот.
„Факт е дека сторителот и жртвата се познавале и заедно излегувале. Кога заедно пристигнале до возилото, настанала вербална расправија, а потоа и физички напад врз жртвата“, изјави заменик началникот на Полициската управа во Дневник Нова ТВ.
Дваесетгодишниот осомничен по кратка вербална расправија во саботата околу 02.15 часот физички го нападнал 21-годишниотприпадник на хрватската армија на паркингот кај плоштадот Свето Тројство во Пожега.
– За време на редовна патрола, полициската патрола наишла на жртвата на земја и неколку граѓани околу неа на просторот на плоштадот Света Троица во центарот на Пожега. Таму бил и сторителот, но во тој момент полицијата немала информација кој е сторителот, додал Бауер. Насилникот бил уапсен неколку часа подоцна.