Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат село Елевци – село Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.
– На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, велат од Министерството за внатрепни работи (МВР).
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.