Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ по венчавката купиле куќа на Бежанијска коса, а како што објавија тамошните медиуми за овој луксузен имот платиле 500.000 евра, па затоа подигнале кредит.
Александра и Филип го опремиле семејниот дом по свој вкус, а многу работи биле подредени на уживањето на нивниот наследник Александар.
Нивниот дом е опкружен со ѕидови и метална порта и добро сокриен од очите на јавноста. Иако на прв поглед изгледа студено, во ѕидовите на нивниот дом владее вистинска семејна идила.
Светлиот мебел и ѕидови беа избрани во согласност со декорацијата на станот, а нема премногу детали. Бело пијано во центарот на куќата, а уметнички дела на ѕидот.
Во куќата има и неколку гломазни огледала, а на Александра особено и се допаѓа она во спалната соба, пред која често се фотографира.