Вчера попладне околу 13 часот и 40 минути, на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 34-годишната со иницијали Е.Х. од Република Албанија, која се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, но и поради сомнение за нерегулиран престој на подрачјето.
Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Насилство врз полицајци е евидентирано и на наплатната станица Желино.
„Вчера попладне околу 15 часот на наплатна станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец А.П. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок“, соопштија од СВР Тетово.