– Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на шест годишната Јана Христовска која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија.
Вечерва во Битола пред седиштето на Битолското обвинителство се одржа протест за малата Јана на кој за прв пат дојдоа и родителите Кристина и Стојче Христовски.
Родителите не се задоволни од јавнообвинителската одлука дека нема лекарска грешка во смртта на Јана нитукривично гонење за лекарите. Напротив сметаат дека воопшто не било земено во предвид влошувањето на здравствената состојба на девојчето по примената гликоза и покачувањето на шеќерот во крвта од 9 на 19 единици.
„Очекувавме се да биде прикриено, бидејќи се е поврзано, од доктори до судии и обвинители. Да не се чуди државата оти бегаат младите во странство, сите се роднински поврзани, цели династии. Во оваа држава знаеме ‘колку е саатот’ од тука куферчето и да не нема”, велат таткото Стојче и мајката Кристина.
Допрва со нивниот адвокат ќе разговараат дали ќе поднесат приватни тужби за лекарите инволвирани во лечењето на Јана.
Највуваат и странска експертиза да го провери целиот случат. Сепак родителите засега не размислуваат да се направи ексхумација и нова обдукација врз телото на девојчето.