Доктор Нико Беќаровски, со јавноста го сподели своето стручно мислење околу заболувањето на малиот Кико, кој вчера почина како последица на неговот заболување.
„ATAXIA TELANGIECTASIA (Louis-Bar syndrome)
1. Вродено генетско заболување поради генетска мутација.
2. Најголемиот дел од заболените завршуваат во инвалидска количка поради парапареза (одземеност на нозете), или квадрипареза (одземеност на рацете и нозете) до 10-та година, а умираат пред 20-та година.
3. Единствено заболените со генотипски поттип (variant A-T) успеваат понекогаш да надминат 30 години. Такви случаи до 2020 година вкупно имало 14 во светот.
4. Најчеста причина за смртта се разни малигни заболувања и респираторна инсуфициенција.
5. Ниту во Бетесда, ниту во Сорбона, ниту во Каролинска, а најмалку во Турција има ЛЕК за оваа болест, во јуни 2023 година
Секако дека Министерот како Невролог ова може многу подобро да Ви го објасни. КИКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР, твојот пат тука било ГЕНЕТСКИ предодредено да заврши“ напиша тој.