Со ваквиот пристап, епилогот во Куманово беше касапана со убиен, ранет и притворен!
Откако градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Изет Меџити, и двајцата членови на таканаречената огнена фракација на ДУИ синоќа пријавиле закани од Муарем Асани, заменик директор во Царинската управа и кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во општина Бутел, и ДУИ и Хасани демантираат и тврдат дека се работи за клевети.
Од „Огнените“ веерва со соопштение се огласија по демантот од ДУИ.
-Во моментите кога членови на семејствoтo, пријатели и граѓани ја изразуваат својата загриженост за заканата по живот што ја добивме синоќа, а за кој чин ја известивме јавноста како и надлежните органи, ние како Фракција во ДУИ сакаме да ја изразиме нашата длабока огорченост од реакцијата на Одделот за информирање на ДУИ, што овој сериозен, низок и опасен чин го категоризира како клевета. Сакаме уште еднаш да потсетиме, пред да биде доцна, токму со овој занемарлив, отфрлувачки, раздорувачки пристап, последните два циклуса на внатрепартиски избори во огранокот во Куманово резултираа со касапана, со УБИЕН, РАНЕТ И ПРИТВОРЕН. Што се однесува до демократијата и процесот на внатрешните избори, потенцираме дека Централната изборна комисија на ДУИ нема кворум да донесе каква било одлука, бидејќи од 7 членови, 4 не учествуваат на состаноците на тој орган. Уште повеќе кога организацискиот секретар Блерим Беџети е игнориран во овој процес каде тој треба да биде носител.
Повторуваме дека принципот еден член-еден глас е нестатутарен, односно го гази статутот на партијата со две нозе. И за иронија на целава оваа ситуација каде што секојдневно се труби за демократијата и демократските вредности, во реалноста гледаме дека претседателите на ограноците априори ги одредува претседателот Али Ахмети со декрет, велат фракционерите.