Рускиот претседател Владимир Путин вечерва ѝ се обрати на нацијата. Тој рече дека организаторите на бунтот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
– Организаторите на овој бунт мора да разберат дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата, тоа е криминална активност насочена кон слабеење на земјата, рече Путин, додавајќи дека ја предале земјата.
Путин им се заблагодари на војниците на Вагнер кои застанаа на последната линија и не влегоа во крвопролевање.
– Организаторите на бунтот, откако ја предадоа земјата, ги предадоа и оние што беа со нив. Храброста на херојските пилоти кои загинаа за време на саботните настани ги спаси од страшни последици – рече Путин.
Според него, огромното мнозинство од борците на Вагнер се патриоти на татковината, но тие биле искористени. Путин им се заблагодари на Русите за нивната солидарност и патриотизам и посочи дека секоја уцена и превирања се осудени на пропаст.
За време на говорот, рускиот претседател не го спомна по име шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Ова е втор ваков настап во последните неколку дена. Претходниот беше утрото на 24 јуни. Тогаш шефот на државата зборуваше за обид за вооружен бунт во Руската Федерација