Првиот свадбен танц е емотивен момент, кој заедно со песна која има подлабоко значење за младенците треба да биде нешто што ќе остане во сеќавање и на нив и на сите присутни гости. Сепак, видеото кое неодамна стана вирално ќе остане во сеќавањето на луѓето ширум Балканот.
На страната на Инстаграм „Videji_8“ се појави видео од свадба од нашите простори, кое изненади многумина. Како што може да се слушне на видеото, веселиот и разигран тазе брачен пар за својот прв танц го избра локалниот хит „Исти играчи“. Дека самата песна можеби е хит… во ред. Дека треба да биде избор за прв танц, па…
Гледајќи го видеото ќе забележите како додека гостите ги снимале, младенците радосно се „фрлаат“ околу подиумот. Атрактивната невеста цело време го чувала фустанот да не ѝ падне, додека младоженецот во одреден момент дури решил да ја фрли пурата на подот. Сепак, најголемото изненадување се случило кога младоженецот покажал на женскиот дел од гостите на текстот „многу стоеја во ред со мене да ја поминат ноќта“…
Сите овие ситуации предизвикаа гнев кај луѓето кои го погледнаа видеото. И беше тешко да се најде позитивен коментар во коментарите.