Пет тинејџери загинаа денеска кога автомобилот во кој се возеле почнал неконтролирано да се движи пред да го напушти патот и да падне во акумулационо езеро во југозападниот дел на американската сојузна држава Флорида, соопштија денеска локалните власти во Форт Мајерс.
Претставници на полицијата во Форт Мајерс изјавија дека несреќата се случила во понеделникот рано наутро по локално време и дека три девојчиња и две момчиња, сите на возраст од 18 до 19 години, го загубиле животот, пренесува АП.
Имињата на тинејџерите кои загинаа не беа веднаш објавени, но локалните медиуми во Форт Мајерс објавија дека четворицата тинејџери работеле заедно во ресторанот Тексас Роудхаус.