Групна тепачка се случила вечерва во општината Карпош во близина на трговскиот центар Антико, објави „Инфомакс“. Во тепачката учествувале две групи, а на местото на настанот има засилено полициско присуство, а повикани се две екипи на брзата помош.
Сообраќајна несреќа со прегазен малолетен пешак прераснала во физичка пресметка во Карпош 4, на стотина метри оддалечено од трговскиот „Сити мол“, а во близина на „Антико“. Недоразбирањето по несреќата прераснало во кавга, а потоа и тепачка со боксови и клоци.
Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. Случајот е пријавен и во полиција, чии службеници интервенирале.
Интервенирале екипи на Брзата помош, кои укажувале помош – но непознато е дали за пешакот или тепачите. На случајот се работи. Полицајци земаат изјави од учесниците како во сообраќајката така и во тепачката.