Српската пејачка Николина Ковач со семејството замина на одмор во Црна Гора, а нејзините слики во бикини предизвикаа вистински хаос на социјалните мрежи.
Русокосата пејачка редовно пред летната сезона особено многу се грижи за својата става. Тоа го покажа и со последните фотки објавени на социјалните мрежи на кои сексапилната пејачка изгледа како „милион долари“
Пејачката заминала на одмор во Црна Гора со својот сопругот пејачот Саша Капор и децата, ќерката Николета и синот Николај.
За разлика од нив тројца, пејачката на радост на нејзините фанови на социјалните мрежи сака да се слика на плажа и да објавува фотки во бикини.