Пејачката Рита Ора привлече огромно внимание на социјалните мрежи откако на модната ревија во Париз се појави во проѕирен фустан без градник.
Таа присуствувала на колекцијата од брендот „Alaia“ за есен/зима 2023/2024 година. Својот изглед го надополнила со едноставна шминка, носела и отворени потпетици, а косата ѝ била врзана.
„Таа дефинитивно е една од најзгодните пејачки“, „Изгледаш феноменално“, „Каква жена“, се нижеле коментарите на социјалните мрежи.
Пејачката неодамна во интервју за британски „Glamour“ зборувала за тоа како јавноста лошо ги третира жените кои се славни.
„Овој прoблем ме следи низ цела кариера. Луѓето ме осудуваат поради тоа што го носам или тоа што го зборувам. Сметам дека тоа е крајно безобразно“, изјавила пејачката.
Без оглед на сето тоа, секој ден таа себеси се потсетува на фактот колку е среќна што може да го работи тоа што го сака, односно да создава музика.
„Знам дека тоа го заслужив поради тоа што навистина напорно работам. Сепак, има многу деца родени во Косово на кои не им се случуваат успеси. Од таа причина својата кариера никогаш не ја земам здраво за готово“, раскажала Рита претходно.