Моментална состојба: Од Полошкиот регион преку Скопската Котлина во текот на ноќта ќе се преместува нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според радарската слика и правецот на движење нестабилната облачна маса се очекува да помине преку североисточниот дел од Македонија. Изолирана нестабилност има јужно од Кочанско-Виничкиот регион.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, велат од УХМР.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.