Жаклин (60) е мајка на четири деца, но и жена која ќе ве инспирира со својот изглед. Иако има 60 години и четири пати била во блажена состојба, Жаклин редовно тренира и се грижи за исхраната, но не било секогаш така.
За својот изглед почнала да се грижи кога пред 34 години го родила својот прв син. По четири бремености, Жаклин продолжи да тренира и имаше желба да стане личен тренер и да се занимава со фитнес.
– Освен што сакам да се занимавам со фитнес, чувствувам потреба да ги едуцирам жените за долгорочните здравствени придобивки од вежбањето и да докажам дека физичката активност го забавува стареењето – вели Жаклин за „Експрес“.
Кој е нејзиниот клуч?
– Поентата е да останете фит и доследни на целта што сакате да ја постигнете. Промената на хормоните поврзани со менопаузата го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања, остеопороза и други проблеми – вели таа.
Нејзините клиенти се на возраст од 50 до 60 години и имаат работа, обврски, семејства и недостаток на време за се друго. Овој пат е клучен бидејќи секоја жена треба да вклопи и други активности во секојдневниот живот, па дури и прошетка после ручек.
Нејзин главен совет: Никогаш не е доцна да започнете со вежбање!