Во населеното место Пахљевиќи, во општина Зворник во Босна и Херцеговина, змија каснала дванаесетгодишно девојче, за што на својата Фејсбук страница објавила локалната месна заедница, со предупредување до локалното население да биде внимателно.
Објавена е и фотографија на која се гледа како по каснувањето од опасната отровна змија, ногата на девојчето отекла и помодрела, но за среќа, 12-годишната во болница добила серум против отров и нејзиниот живот не е во опасност.
„Драги наши следбеници, бидете внимателни. Температурите се високи, а змиите излегуваат како никогаш досега! Внимавајте каде одите! Синоќа во Пахљевиќ, општина Зворник, околу 22 часот и 25 минути змија поскок го каснало дванаесетгодишното девојче Самира Абидовиќ.
Девојчето е во болница во Зворник, добила серум и е надвор од животна опасност. Внимавајте!“, беше објавено на Фејсбук страницата на „Месна заедница Коњевиќ Поље“.