Новинарот Фуркан Салиу очигледно изреволтиран од скандалозното скандирање на бугарските навивачи вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“, реши по крајот на мечот да ги „поздрави“ Бугарите со пост на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Имено, Салиу објави фотографија од поранешната банкнота од 100 динари на Народната банка на Југославија, позната како „една червена“.

– Постарите знаат, напиша новинарот со објавената фотографија од банкнотата, која асоцира на тоа дека бугарските девојки/жени во минатото биле многу „лесни“.

Инаку, нетрпението меѓу навивачите на Шкупи и бугарските навивачи ексалираше откако пред почетокот на мечот гостите од Бугарија срамно скандираа „Уби, уби, шиптара“.