Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Србија на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, потврдија за Радио телевизија на Србија во СВР Суботица.
Несреќата се случила околу 16 часот и 50 минути кога директно се судриле камион со загрепска регистрација и автомобил со сомборска регистрација.
Од силината на судирот двете возила се запалиле, а во пожарот животот го загубил возачот на патничкиот автомобил.
Белградски „Блиц“ јавува дека по силниот судир избувнал голем пожар и на километри од местото на несреќата можел да се забележи густ црн облак од чад. Пожарот брзо се проширил на двете возила. За жал, возачот во патничкото возило не успеал да преживее, изгорел во автомобилот.
Како што јави РТС, возачот на камионот со возило на Брза помош бил пренесен во болницата во Суботица. Како што потврдија за РТС од таа здравствена установа, на возачот му била укажана лекарска помош на Итна медицинска помош и има полесни физички повреди.
Сообраќајот на патниот правец Суботица – Бајмок е во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативни правци.