Српски свештеник одби да присуствува на погребот на Ангела Бабиќ (15) на локалните гробишта во Врчин, девојката која загина на железнички премин во несреќа кога локомотива налета на автомобил во кој се наоѓаше со другар кој исто така загина и другарка која е тешко повредена.

Според српските медиуми, за ваквата одлука свештеникот дал објаснување дека се решил на нешто такво бидејќи девојчето не било крстено. Од истата причина е забранета и употребата на капелата на гробиштата во Врчин.

Тажна поворка од пријатели, соученици и жители на Врчин во 12 часот и 30 минути тргна кон гробното место каде што беше погребана тинејџерката. На погребот присуствуваше и погребниот трубачки оркестар кој со песната „Tiho noci moje zlato spava“ ја испрати Анѓела во вечното почивалиште.

Расплаканите другари носеа букети цвеќе, како и венци кои ги положија на гробот на другарката која до пред два месеци седеше со нив на училишната клупа. Ангела беше погребана во бел ковчег. На погребот присуствуваше и раководството на Основното училиште „Свети Сава“, но свештеникот не присуствуваше на погребот бидејќи Ангела не беше крстена.

Ужалената мајка беше огорчена, Ангела требало да се крсти во август

Мајката Ангелина Бабиќ вели дека сите во семејството биле крстени, а планирале наскоро да ја крстат и Ангела и е разочарана од потегот на црквата.

Загинатите Ангела (15) и Вук (18)

– Ангела требаше да се крсти во август, бидејќи тогаш требаше да пристигне нејзиниот кум. Се обидовме, баравме, бидејќи имавме слушнато за такви случаи на деца кои починале некрстени, а биле погребани со опело – рече ужалената мајка и додаде:

– Тие не сакаа да направат погреб и ни рекоа да пишеме барање до Патријаршијата да ни дозволи да го направиме тоа за поменот на 40 дена, и тоа само ако ни го прифатат барањето – расплакано раскажува Ангелина Бабиќ за „Жиг инфо“.

Да потсетиме, трагедијата се случи синоќа околу 23.30 часот на железничкиот премин Врчин, кога железничка локомотива без вагони на релација Остружница – Лапово удрила во десната страна на автомобилот „Пежо 308“.

На лице место починале Вук Гулан (18) и девојката А.Б. (15), додека нивната другарка М.Ѓ. (17) е повредена. Како што можете да видите на лице место, на овој премин нема рампа, а нема ниту знак за стоп во насоката во која се движеле тинејџерите.

Има само предупредувачки знак дека е во близина на пругата. Мештаните се многу изнервирани и огорчени, велат дека неколку пати ги алармирале надлежните и се пожалиле дека овој железнички премин не е безбеден.

Преминот на кој се случи несреќата

-Тоа момче што почина е син на еден наш познат доктор. Ова е тага. Тоа се сите наши деца, добри – велат соседите со тага во гласот.