Разликата меѓу утринската и највисоката дневна температура измерена во пљеваљско село во Црна Гора во 15 часот и 20 минути изнесувала 25,5 степени.
Пљеваљското село Косаница утрово беше најстуденото место во Црна Гора. Инструментите на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора измериле температура од нула Целзиусови степени во шест часот во тоа село, на триесетина километри од Пљевља.
Разликата меѓу утринската и највисоката дневна температура измерена во 15 часот и 20 минути изнесува 25,5 степени.
Сите слушнаа за Косаница, село кое се наоѓа веднаш до патот Пљевља – Ѓурѓевица Тара, минатата година кога инструментите на Хидрометеоролошкиот завод на 25 јануари измериле температура од минус 33,2 степени, што е рекордно ниска температура која досега била измерена.
Претходно, најниската официјална температура во Црна Гора беше забележана во Рожаје во 1985 година – минус 32 Целзиусови степени. Ниски температури во Косаница беа измерени и на 12 март минатата година во утринските часови минус 30,1 степен, ден подоцна минус 29,6 …