На 28.07.2023 година во 13 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа лоцирана на улицата „130“ во Охрид, А.Г. физички ја нападнал К.Т.(29) и Ф.В. од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопјанец уапсен со марихуана

На 29.07.2023 година во 00,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од слобода е лишен С.А.(20) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин додека во неговото возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена е Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кај крушевец најдени марихуана и кокаин

На 28.07.2023 година во 22,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, лишен од слобода е А.Д.(27) од крушевското село Борина. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана и Кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.