Сите министри и функционери на ДУИ во Владата поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, но тие ќе важат од моментот опозицијата ќе гласа за уставните измени.
Во писмото до премиерот Ковачевски, кое лидерот на ДУИ Али Ахмети го објави на социјалните мрежи, се наведува дека земјава се наоѓа во критична фаза за нејзината европска иднина, па како што велат, презеле одговорност како партија по условот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поддржи уставни измени доколку има влада без ДУИ, и затоа тие се решиле на ваков чекор.
Откако попладнево лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати писмо до премиерот Димитар Ковачевски и го објави на неговата официјална страница на Фејсбук, дека сите министри и функционери на ДУИ поднесуваат оставки од функциите и дека стапуваат на сила кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, и единствениот пратеник на БЕСА, Фадиљ Зендели се пошегува на Фејсбук.
„Како пратеник поднесувам оставка од функцијата, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува АЛБАНСКИ ЈАЗИК“.