Драматичната фотографија од полумртов млад човек на која се гледа како лежи на земја пред Итната помош во Супетар (на островот Брач во Хрватска) во сабота попладне, меѓу 18 и 20 часот, на прв поглед е веќе повеќе од шокантна.

Можеме да замислиме како беше да се види целата сцена во живо. Наводно, никој од таа јавна здравствена установа неколку часа не сакал да му помогне на младиот човек, што дополнително ги вознемирило сите оние кои во тој момент биле пред ургентниот центар во Супетар или внатре, каде чекале некој да им обезбеди медицинска помош или да им издаде рецепт да подигнат лек во аптека.

60-годишната Американка, која очигледно не е навикната на вакви сцени каде што живее, била згрозена од односот на итната помош кон пациентите и, како што вели, „сведочела на страшниот однос на персоналот кон пациенти, и странски и домашни“.

– Не се нормални, млад човек со срцев проблем остана да чека неколку часа на жештина, дури и лежеше на подот пред Итната помош, без да го погледнат, вели Американката.

Како што дознават хрватските медиуми од локалното население и луѓето кои ја познаваат странската државјанка, таа е многу толерантна и трпелива личност, жена која патувала низ светот и живеела во повеќе земји, но, како што велат, никогаш не доживеала таков однос кон пациентите.

Според неа, еден од оние што чекал помош бил млад човек со проблеми со срцето, односно се жалел на болки во градите и неможност да дише.

– Му реков да оди на лекар пред мене, но медицинарите беа груби кон него и ни рекоа дека никој не смее да влезе додека не решат кој и кога ќе влезе.

Каде беше докторот?

По некое време медицинскиот персонал се смени и се појави една многу груба госпоѓа (сето тоа по еден час чекање) и младиот човек повторно рече дека му треба помош. Таа му одговори: „Јас одлучувам кој ќе влезе“, и тоа го кажа многу агресивно. Чекањето продолжи, а состојбата на младиот човек кој се жалел на проблеми со срцето се влошувала – вели Американката.

– Не знаевме дали воопшто има лекар во клиниката или можеби некаде отишол на терен, па продолживме да чекаме. Во еден момент на тој млад човек, кој се пожалил на проблеми со срцето и дишењето, му бил потребен воздух и отишол да легне пред зградата на Итната помош во Супетар.

По некое време, медицинската сестра и останатиот персонал од Брзата помош си заминуваат и покрај тоа што сите им кажуваме дека на младиот човек што лежи пред нивниот објект му е лошо и му треба помош. Извикуваме „болен е, може да умре“, па дури и некои жители од околните куќи излегоа надвор да му помогнат на младиот човек. Но, итната помош не се ни сврте… Влегоа во амбулантата и си заминаа – вели нашиот соговорник.

Сето ова траеше повеќе од два часа, имаше деца со вируси, со срцеви проблеми, инфекции… Одговорните знаат дека во лето има многу луѓе и гости во Супетар и на Брач, а нивната услуга не работи на сите. Овој настан навистина ми даде поинаква перспектива да бидам овде, на Брач, во Хрватска. Како да дојдов во некоја земја од Третиот свет. Но, најмногу ме боли и мачи недостатокот на емпатија и хуманост – вели гостинката од САД, која сигурно нема да се врати следната година.

Не сакаше да верува дека она што го доживеа е редовна слика на Хрватска.

– Дури сега разбирам колкава ароганција има овде, на повисоките позиции на моќ. Медицинската сестра беше толку арогантна и знаеше дека може да се извлече со тоа однесување. Таа мора да биде одговорна – заклучува Американката.

Хрватските медиуми пишувата дека за да утврдат што точно се случило во саботата помеѓу 18:00 и 20:00 часот во итната медицинска помош Супетар и зошто луѓето не можат да го остварат своето право на здравствена заштита, контактирале со д-р Лео Луетиќ, директор на Одделот за итна медицина на Сплитско-далматинскиот округ.

– Тој ни рече да испратиме прашања поврзани со тој настан до нивната канцеларија и дека прашањата ќе бидат препратени до Супетар, за да добиеме одговори. Штом ги добиеме одговорите ќе ги објавиме, пишува Јутарњи.хр.