Во кобна сообраќајна несреќа која се случи синоќа половина час пред полноќ во скопски Бутел животот го загуби 25 годишен пешак.
Трагедијата се случила при судир на два автомобили на кростосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска бригада“. Загинатото момче веднаш било пренесено во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. На видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат М се гледа како настрада момчето додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила. Со тешки повреди се здобиле и возачот С.О. и неговата сопатничка од Скопје како и возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.
Обвинителството веќе работи на утврдување на причините за страотната несреќа која се случи синоќа пред полноќ тука на оваа раскрсница. Од таму во првичното соопштение кое го испратија до медиумите. Велат дека е веќе е извршен увид на лице место, прибрни се траги, како и обезбедени се снимките од видео надзорот.
ОД МВР велат дека се работи на расчистување на случајот, а воедно и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила.