Тажна вест споделија од македонска Филхармонија. Вработените со трогателна посвета се простија од својот колега.

„Нашиот трубач Горан Арменски денеска ја изгуби битката со тешката болест со која храбро се бореше во изминативе неколку месеци. Горан беше исклучителен трубач, посветен уметник и прекрасен колега. Нашиот оркестар изгуби врвен професионалец и човек кој имаше питома душа и искрен однос со сите. Длабоко сочуство до неговото семејство, нека му е лесна земјата и вечен споменот“, напишаа на нивната официјална фејсбук-страна.