Деветгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот Пирот кон Ниш во сообраќајка меѓу автомобил и камион. Засега не е познато дали станува збор за директен судир, или пак некое од возилата вило застанато на помошната лента за застанување.
Според последните информации на српските медиуми, загинатото девојче е турска државјанка, јавува „Блиц“. Таа била во автомобилот во кој во страотна несреќа се повредени уште две лица. 12-годишно дете, исто така турски државјанин, поради повреда на вратот е префрлено на неврохирургија.
Уште едно лице од автомобилот, најверојатно возачот, поради повреда на вратот е пренесен во УКЦ Ниш. Исто така станува збор за турски државјанин.
Екипите на итната помош на лице место ги прегледале возачот и сопатникот на камионот, кои на прв поглед не изгледале повредени. Тие одбиле да бидат пренесени во болница за дијагноза и добиле упатства за понатамошно лекување.
Совозачот на камионот доживеал шок, но според првичните информации не е повреден.