Венецуелската мисица Аријана Виера (26) загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида. Оваа убавица требаше да ја претставува својата земја на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври, но за жал беше загина, откри нејзината мајка за локалните медиуми.
Мајката изјавила дека нејзината ќерка од замор заспала додека возела и удрила во возилото пред неа. Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и два пати ја оживеале Аријана, но за жал таа починала на пат кон болница.
„Ја оживеаја, а потоа имаше срцев удар. Повторно ја оживеаја, но таа почина кога ја однесоа на трауматологија“, рекла уништената мајка, пренесува The Sun.
Она што најмногу шокираше многумина е нејзиното видео од пред само неколку месеци во кое таа изгледа како да ја предвидува својата смрт.
„Се снимам себеси за иден погреб бидејќи секогаш сум јас на видеата, никој друг не го прави тоа“, напиша таа во описот на чудното видео што го објави на социјалните мрежи.