Вандалски чин е извршен во скопско Инџиково, каде е оштетена бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во Диво Насеље, објави агенцијата Макфакс вечерва.

Случајот први го забележало семејството, кое е вознемирено. Бистата на Стојменовиќ е пречкртана со плава боја. Сето ова, во паркот посветен на него.

Според информациите од жителите, офарбан е и девет метарскиот крст кој се наоѓа на оваа локација, како и иконите. Прашани кога се случило ова, тие посочуваат дека е денеска, на ден Илинден.

За случајот ќе биде известена и полицијата.