Познатиот музичар Роберт Билбилов е во нова љубовна врска… Неговото срце го „украде“ убавата инструкторка по јога – Лејла Рамковска…
Она што е интересно, е тоа што Роберт и Лејла беа пријатели повеќе од 15 години, но очигледно помеѓу нив се родило нешто повеќе од пријателство…
Дека парот ужива во нивната љубов, сведочат и нивните пријатели. Тие велат дека никогаш не ги виделе двајцата посреќни.
„Буквално цело време се заедно, мислам дека започнаа и заедно да живеат, но не сум сигурна. Многу ми е мило за нив, им се гледа сјајот во очите на двајцата“ – ни откри блиска пријателка на парот.
Музичарот и инструкторката се веќе неколку месеци заедно. На почетокот тие ја криеја нивната врска, но во последно време се почесто може да се видат заедно и во скопските ресторани, кафулиња, а двајцата и споделуваат нивни заеднички фотки и снимки на социјалните мрежи…
Инаку и Роберт и Лејла веќе имаат по еден пропаднат брак позади себе…