Електродистрибуција Србија соопшти дека по смртта на тринаесетгодишно дете од струен удар, суспендирани се двајца диспечери на Погонот Бачка Паланка, како и управителот на Погонот.
Електродистрибуција Србија по повод немилиот настан во Бачка Паланка на 31 јули кога смртно настрада тринаесетгодишно момче соопшти дека специјалната комисија на Електродистрибуција покренала постапка за утврдување на пропусти во работата во периодот на санација на последици од големото невреме во Бачка Паланка врз суспендираните диспечери на Погонот Бачка Паланка Д.Р и М.Т.
Против нив е поднесена пријава до надлежното обвинителство за утврдување кривична одговорност, а донесена е и одлука за разрешување на М.М.- одговорниот за управување со погонот Бачка Паланка, јавува РТС.
Од ЕДС наведуваат дека надлежните истражни органи преземаат службени дејствија согласно нивните законски овластувања, врз основа на кои ќе се утврдат сите околности и причини кои довеле до овој немил инцидент.
„Сакаме да истакнеме дека на споменатата локација покрај дистрибутивната мрежа на Електродистрибуција има и мрежа за јавно осветлување, која е во надлежност на локалното јавно комунално претпријатие од Бачка Паланка“, се наведува во соопштението на ЕДС.
Уште еднаш нагласуваме дека надлежните државни органи ќе ги утврдат причините и сите околности на споменатата несреќа дури по спроведување на детална истрага, велат од Електродистрибуција Србија.