Синоќа околу 22 часот и 45 минути на автопатот А1 во Хрватска кај излезот Равча во правец кон Дубровник се случила сообраќајна незгода, меѓу два автомобили кои се судриле, извести полицијата утринава.

– Три лица починале на местото на настанот, додека две биле пренесени во болница и биле констатирани повреди опасни по живот. На местото на инцидентот е спроведена истрага, предводена од заменикот на општинското државно правобранителством објавија утрово хрватските медиуми.

Како што неофицијално дознаваат, едниот автомобил бил со странски таблички (засега не е познато од која држава), додека другиот со хрватски. Загинаа двајца странци и еден хрватски државјанин.

Повеќе информации ќе има наскоро.