Поминаа три месеци од масовното убиство во белградското основно училиште. Убиецот Коста К.(14), кој на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби 9 врсници и училишно обезбедување, не сакал да ги погледне лицата на жртвите над кои го изврши масакрот, пренесува српски „Курир“.

На полициските инспектори им рекол дека не знаел во кого пукал и дали погодил некого, но на прашањето дали сака да ги види фотографиите од децата и обезбедувањето што ги убил во училиштето, тој одбил.

Кога го прашаа дали сака да ги види фотографиите од децата кои ги убил кобниот ден, тој кратко рече – не, не сакам, не ги знам сите. Тоа беше грешка“, открил изворот за Курир.