Мајката на малата Јана која почина во болница по дадена инфузија со гликоза, повторно се огласи на фејсбук.

„ Одговор чекаме од обвинителството цели 2 месеци. Дали е одобрено барањето за вештачење на компјутер(ако веќе не е фрлен и сменет со нов со изговор дека се расипа) и одобрување за странска експертиза!!!Ќе има ли крај на оваа наша агонија?? Испреплетени како свински црева си играте со нервите и маката на народот. Дадовте се од себе да го обелите образот на докторите т.е на докторката В.Ј која без грам грижа на совест се уште се шета во бел мантил во битолската болница. #Министре#Fatmir#Mexhiti вака ли ни обеќавте дека ќе направите се што е во ваша моќ за нас ?? Вака ли заврши вашата обврска со институциите и со лажните извештаи?? Мислите дека овде е крајот со случајот на ЈАНА?? Не, само што започна. Ќе испратиме писмо и до Стразбур! Одговорност за Јана мора да има!