Над Балканскиот Полуостров има многу силен циклон, кој вклучува и студен бран. Ја зафати дури и Грција, што е ретка појава во летниот дел од годината. Еден од центрите на циклонот се наоѓа над Србија, а студениот фронт е многу изразен и се протега низ цела Македонија и западните региони на Грција, па се до југот на Грција.

Во текот на попладневните часови, како дел од студениот бран, силни грмотевици ги зафатија северозападниот, западниот и југозападниот дел на Грција. Силни грмотевици ги зафатија островите од Крф преку Лефкада и Кефалонија до Закинтос, а на удар е и јужниот дел на Пелопонез.

Во овие области до крајот на денот се очекуваат обилни и силни грмежи, па затоа се препорачува крајна внимателност. Инаку, во овие краишта на Грција престојуваат и голем број туристи, меѓу кои секако и од Македонија.

Во недела навечер и во недела претпладне врнежи со грмежи, заедно со засилен ветер ќе ги зафатат северниот и североисточниот дел на Грција и пошироките области на Солун, како и делови од Халкидики, но во многу поблага форма од западниот дел на земјата и областа Јонско Море.

Добрата вест за оние што се на одмор е што следната недела се очекува стабилизирање и разведрување на времето, со што поголемиот дел од егејскиот дел на Грција ќе избегне врнежи и невреме, бидејќи студениот фронт од Јонското море и од запад и север од земјата ќе пристигне ослабен на исток и југоисток од Грција, што тоа нема да биде случај во Македонија, каде што се очекуваат многу обилни врнежи и силни грмежи во следните 24 часа.

Инаку, во Грција од понеделник повторно се очекува вистинско летно време со сончево и многу топло време. Дождот ќе им излезе во пресрет на опожарените делови на Грција за да помогне во гаснењето на шумските пожари, а лошата вест е што ударите на гром може да предизвикаат нови пожари, а почвата е многу сува по неколкумесечна суша.

Освен во Грција, врнежливото и значително постудено време ќе го расипе уживањето на туристите и на Јадранското Море, а враќањето на летото во тие региони се очекува на почетокот на следната недела.