32-годишниот Ендрит Ника од Косово, кој има швајцарско државјанство, од средата е во притвор во Приштина поради сомнение дека од шестиот кат на хотелот во кој престојувале на Косово, ја турнал во смрт својата 27-годишна девојка Аргентинка, Марија Клара Урдангарај.

Како што пренесува косовскиот медиуми „Репортери“, швајцарскиот весник „Блик“ пишувал дека за двајцата се зборувало дека биле пијани на забавата пред свадбата на братот на осомничениот, повикувајќи се на семејни извори. Кога се скарале, наводно и физички се нападнале, а доказ за тоа е што и мажот наводно имал повреди на градниот кош.

Швајцарскиот весник пишува дека 32-годишниот Косовар илегално ја донел својата девојка на Косово, криејќи ја во својот багаж. Планираната венчавка на неговиот брат на 1 август беше откажана по трагичниот инцидент.

За осомничениот за убиството зборуваа соседите на неговите родители, велејќи дека не веруваат на она за што се товари бидејќи имале добри впечатоци за него.

„Тој беше отворен, љубезен, одличен човек кој секогаш се поздравуваше“, вели сосед на родителите на осомничениот. Тој е најстарото дете во семејството.

„Не можам да замислам дека намерно сакал да ја повреди, тој е многу љубезен. И тој воопшто не личи на лошо момче“, вели соседот. Полицијата и обвинителството сега го истражуваат случајот. Во меѓувреме на местото на настанот се присутни и истражители од Швајцарија.

Аргентинското семејство на жртвата зборува за загубата на нивната ќерка. Таткото на младата жена е сигурен дека смртта на неговата ќерка не била несреќен случај. Тој упатува сериозни обвинувања против нејзиното момче.

„Тоа е фемицид. Ја фрлил од балконот“, изјави тој за аргентинските медиуми. Според косовските власти, таа починала во болница откако паднала од прозорецот на хотелската соба. Се дознава дека тие биле во врска четири месеци.


И мајката на жртвата е шокирана од смртта на нејзината ќерка. Само неколку дена пред настанот таа ѝ се јавила.

„Таа ни испрати видео, изгледаше добро и среќно, не разбирам што се случило.“ Жртвата била по потекло од Ла Плата, Аргентина. Таа се преселила во Шпанија во ноември 2022 година.

Настраданата Марија Клара Урдангарај (27)

„Во потрага по подобра иднина“, објаснува нејзиниот татко. „Таа живееше во Барселона два или три месеци додека не го запозна овој човек и заедно се преселија во Швајцарија“.