Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) очигледно си има големи проблеми кога во прашање се социјалните мрежи.
Имено, неодамна јавноста беше известена дека официјалната Фејсбук страница на ФММ (која патем е и официјално верифицирана) е хакирана и објавите кои не се поврзани со активностите на Федерација и фудбалерите треба да не се земаат во предвид, односно дека ФФМ не стои зад таквите објави.
Утрово, скандалот доби нова димензија, откако беа променети профилната и ковер фотографиите, на кои сега може да се видат помалку скандалозни фотографии од млади разголени азијки.
Се надеваме дека ФММ за брзо ќе го реши овој и не така наивен проблем, бидејќи ова што сега се случува негативно влијае на имиџот на федерацијата и воопшто на македонскиот фудбал.