Момчето А.С.(21) е уапсено под сомнение дека вчера попладне во неговиот двор во местото Надумче кај Тутин со автомобил удрил тригодишно дете додека возел во рикверц.

Како што дознаваат медиумите, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – предизвикување општа опасност, уапсен е А.С. Детето почина во болница после здобиените повреди.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство. Да потсетиме, како што пишувавме, уапсениот млад човек е роднина на загинатото дете односно негов вујко, а несреќата се случила во дворот.

– А.С. возел џип и додека го вртел удрил во детето. Се претпоставува дека се се случило од невнимание, односно дека малото момче ненадејно истрчало и се нашло во „мртов агол“ – вели извор.

Починатото дете ќе биде погребано денеска во Тутин, а на социјалните мрежи од него се простија бројни роднини и пријатели на семејството.