Марјан Мац Петровски или познат како диџеј Мац вчера направи свадба.

Имено познатит диџеј денеска стапи во брак со својата избраничка Татјана Јованова. Свадбата беше со сите адети, а највесели гости беа кумовите- познатата пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски.

Сара лепеше пари на музиката, додека пак Димитар играше качен на тапан.

Токму тие споделија дел од веселата атмосфера и земањето на невестата, која навистина изгледа преубаво.

Објавата на кумот Димитар Атанасовски
Кумата Сара Мејс